Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, наскоро би требало да се врати на терените. Но, главното прашање околу српскиот голгетер е дали и по оваа сезона ќе остане во редовите на „старата дама“.
На Влаховиќ му истекува договорот со Јувентус на крајот од сезоната. Од Торино стигнуваат сигнали дека клубот сака да остане, но под услов да ја намали платата.
Токму тука е главната точка на разидување. Според актуелниот договор, Влаховиќ го чини Јувентус околу 22 милиони евра бруто годишно, што е седми најголем трошок за еден играч во Европа и убедливо највисок во Серија А. Поради тоа, раководството на клубот сака во иднина да ја намали неговата плата.
Од друга страна, италијанските медиуми пишуваат дека Влаховиќ е подготвен да прифати плата од 10 милиони евра нето годишно, но со бонус за потпис од дури 15 милиони евра. Јувентус ќе мора брзо да реагира, бидејќи за напаѓачот сериозен интерес покажуваат Барселона и Баерн Минхен.
Во Барселона, Роберт Левандовски оваа сезона има намалена минутажа, додека во Баерн Хари Кејн во одлична форма. Сепак, во Минхен се свесни дека уште еден врвен напаѓач секогаш е добредојден, особено ако може да пристигне како слободен агент.