Работнички доведе холандски стопер кој како младинец играл за поранешен англиски првак!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Работнички го засили својот тим со уште еден интернационалец.

Станува збор за Џастен Крантове, стопер од Холандија кој има потекло од Суринам. 25-годишникот доаѓа во ПМФЛ по настапите за Тренчин, чиј член беше од минатиот февруари. Сезонава за клубот од Словачка тој одигра девет натпревари пред да се пресели во мак-фудбалот.

Кариерата на 25-годишникот веќе брои многу клубови. Тој како младинец тргна преку неколку холандски клубови, а во 2018 година се пресели во младинскиот тим на Лестер. Таму мина две години, пред да се пресели во Слован Либерец, а играше уште за Хумене и Отелос Атиен.

Работнички оваа зима доведе повеќе засилувања и тоа Фабрис Ондоа, Џејсон Езеб, Аритон Мехмеди, Чарлс Аколатсе, Јован Попзлатанов, Егзон Белица, Никола Пејовиќ и Зија Мерџани, а нов тренер на тимот е Муарем Муарем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×