Лидерот во Третата лига Север активно работи на ростерот пред стартот на пролетниот дел од сезоната и претстави неколку нови имиња.
Најискусно засилување е Хусеин Демири кој пристигнува по настапите за Брегалница. Во кариерата го носеше дресот и на Работнички, Македонија Ѓорче Петров, Шкупи и повеќе клубови во странство, па треба да внесе сигурност и лидерство.
Од Детонит Плачковица доаѓа младиот Беркај Јакуп кој ќе ја зголеми конкуренцијата во средниот ред, додека Стефан Коловски по младинските денови во Работнички настапуваше за Саса, Охрид и Шкендија Арачиново.
Големи очекувања има и од Антонио Митрев. Фудбалерот кој важеше за огромен талент во својата генерација во минатото беше дел од Металург, Црвена Звезда, како и од повеќе екипи од Малта и Македонија. Сега ќе се обиде да ја оживее кариерата во Горно Лисиче