Македонија Ѓорче Петров се екипира за пролетниот дел од сезоната и обезбеди две засилувања во тимот.
Повратник во клубот е Стефан Лазаревиќ. Десниот бек по третпат во кариерата ќе го носи дресот на матичниот тим, каде што воедно има и најголем број настапи. Првата полусезона ја мина во Скопје, а во својата кариера беше дел и од Гостивар, Тетекс, Борец, Вардар, Силекс и Работнички.
Нов адут во офанзивата е Огузан Ајдоган. Фудбалерот кој има турско потекло и германски пасош пристигнува по ангажманот во Башкими, а македонската публика веќе имаше можност да го гледа и во дресот на Гостивар.
Во младинските денови Ајдоган мина низ академиите на Шалке, Борусија Дортмунд и Бешикташ, а подоцна настапувал за повеќе клубови во Турција и Германија.