99
Како одминува времето се појасно станува дека Федерико Киеза нема иднина на Енфилд, се шпекулира дека тој сигурно ќе замине на лето.
Информациите велат дека Ливерпул за сума од околу 24 милиони фунти ќе го пушти Италијанецот да си оди.
Најреално е тој да се врати во Серија А од каде има интерес од Јувентус, Наполи и Рома. Тие се споменуваат како негови потенцијални дестинации.
Но, не се исклучува и заминување во друга земја.