Гризман остана без гол поради милиметри, Бетис го победи Атлетико (ФОТО+ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Бетис приредија изненадување во 23. коло од Ла Лига, откако на гостински терен го совладаа Атлетико Мадрид со минимални 1-0 на „Ванда Метрополитано“.

Андалузискиот клуб продолжува да биде едно од најпријатните изненадувања сезонава во шпанското првенство, а со овој триумф се искачи на петтата позиција на табелата, потврдувајќи дека добрите резултати не се случајност.

Натпреварот донесе отворена игра и шанси на двете страни, но пресуден момент се случи во 28. минута кога бразилскиот фудбалер Антони ја затресе мрежата на домаќините и му донесе предност на Бетис.

Во продолжението Атлетико силно притисна во обид да израмни, а мрежата на гостите беше затресена двапати, но двата погодоци беа поништени поради офсајд. Најмногу реакции предизвика ситуацијата во 82. минута, кога голот на Антоан Гризман беше поништен поради минимален, милиметарски офсајд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×