Бруно со голот против Тотнем ги надмина Роналдо, Бекам, Гигс, Сколс…

by 24 фудбал
1 минути читање

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, продолжува да испишува клупска историја и уште еднаш ја потврди својата огромна важност за тимот.

Португалецот беше стрелец во триумфот од 2-0 против Тотенхем на Олд Трафорд. Со овој погодок Фернандеш стигна до бројката од 200 директни учества при голови во дресот на Јунајтед. До јубилејот дојде на 314 натпревари со учинок од 104 гола и 96 асистенции, со што е втор најбрз во историјата на клубот.

Побргу до таков успех дојде само Вејн Руни кој на 295 настапи даде 133 гола и подели 67 асистенции. Сепак, Португалецот ги надмина неколку легенди како Кристијано Роналдо кому му требаа 339 натпревари, Дејвид Бекам (393), Рајан Гигс (424) и Пол Сколс (564).

Фернандеш сезонава во Премиер лигата има шест погодоци, а со 12 асистенции е убедливо најдобар креатор на натпреварувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×