277
Легендарниот Златан Ибрахимовиќ лично се вклучил во обидот на Милан да го доведе младиот напаѓач на Партизан, Андреј Костиќ.
Како што се наведува, човекот кој работи како советник во управата на росонерите стапил во контакт со потпретседателот за спортски прашања на Партизан, Предраг Мијатовиќ со цел да се разгледа можноста за соработка.
Првата понуда од 3 милиони евра зимава беше одбиена, по што следуваше нова, двојно повисока, меѓутоа одговорот остана ист.
Италијанскиот гигант се надева дека финансиските проблеми на Партизан ќе влијаат на ситуацијата. Од Милан се подготвени да платат 6 милиони евра, но во спротивна насока да замине и Чака Траоре.