14
Аталанта со 3-0 ја доби пресметката против Јувентус во Купот на Италија и го чекираше билетот за полуфинале.
Аталанта е вториот полуфиналист во Купот на Италија, вечерва „божицата“ со 3-0 славеше против „старата дама“.
Јувентус не беше толку инфериорен како што покажува резултатот, едноставно гостите се изнапромашуваа, особено во првото полувреме.
Домаќините знаеја како да го казнат тоа, поведоа со голот на Скамака од пенал во 27. минута, а во второто полвфреме, Сулемана и Пашалиќ го дотолчија противникот.
ФОТО: X/Atalanta B.C.