Капитенот на Галатасарај, Мауро Икарди, испиша нова златна страница во историјата на истанбулскиот гигант и стана најдобар странски стрелец кој некогаш го носел дресот на клубот.
Аргентинецот го отвори резултатот на куп дуелот против Истанбулспор, а тој погодок беше негов 73. во жолто црвениот дрес. Со тоа Икарди го надмина легендарниот Георге Хаџи, кој во периодот од 1996 до 2001 година постигна 72 голови за Галатасарај.
Натпреварот од третото коло во Куп на Турција заврши со победа од 3-1 за актуелниот шампион, резултат што му донесе лидерска позиција на табелата во Групата А.
Галатасарај сезонава има јасна цел да го одбрани трофејот и во куп натпреварувањето, откако минатата година ја освои двојната круна со титули во првенството и Купот, а формата и рекордите на Икарди се дополнителен адут во таа мисија.