Враќањето на Вардар од Анталија не одеше по планот – престојот во Турција е продолжен!

by riste
0 минути читање

Фудбалерите на Вардар кои се подготвуваа во Анталија, денеска требаше да се вратат во Скопје, но тоа најверојатно ќе се случи утре.

Причината е доцнењето на летот од Анталија до Истанбул поради што вардарци го пропуштиле авионот со кој требаа да летаат од Истанбул до Скопје.

Фудбалерите вечерва ќе преспијат во Истанбул и би требало во Скопје да се вратат утре.

Вардар подготовките ќе ги продолжи во Скопје, а следен пријателски натпревар е хуманитарниот меч против Осогово во Кочани кој се игра во сабота од 14 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×