Канте не доаѓа во Турција, Фенербахче и Ал Итихад одбиени за трампата од ФИФА

by 24 фудбал
1 минути читање

Фенербахче доживеа сериозен удар во завршницата од зимскиот преоден рок, откако пропадна договорот за ангажман на Нголо Канте. Турскиот клуб преку официјално соопштение потврди дека трансферот не бил реализиран во зададените рокови и директно ја посочи Ал Итихад како одговорен за неуспехот.

Од редовите на Фенербахче истакнаа дека договорот бил речиси целосно усогласен и дека постоела заедничка согласност за реализација на зделката. Во рамки на преговорите, саудискиот клуб побарал во трансферот да биде вклучен и Ен Несири, што било прифатено од турската страна.

И покрај тоа што бил одобрен дополнителен рок од ФИФА, потребните документи не биле доставени ниту во продолжениот термин, што резултирало со целосен прекин на договорот и дефинитивно пропаѓање на трансферот.

Со ваквиот развој на настаните, Фенербахче остана без двете најголеми засилувања планирани за оваа зима, откако претходно не успеа ниту договорот со Адемола Лукман, кој на крајот се пресели во Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×