Икарди му се понудил на Јувентус: Ќе дадам 10 погодоци за шест месеци

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека поранешниот капитен на Интер, Мауро Икарди му се понудил на Јувентус, напаѓачот им порачал на „бјанконерите“ дека ќе даде најмалку 10 погодока до крајот на сезоната.

„Старата дама“ се обиде да ангажира нов напаѓач во зимскиот преоден рок, но прво извиси во намерата да го ангажира Жан Филип Матета, а изминативе денови имаше неуспешни обиди и за ангажман на Колo Муани и Џошуа Зиркзе.

Последните информации велат дека Мауро Икарди било последното име ставено на маса.

Поранешниот капитен на Интер, стапил во контакт со „бјанконерите“ и порачал дека ќе даде најмалку 10 погодока до крајот на сезоната.

Сепак, една ваква зделка нема да се реализира поради неколку причини. Како прво, Галатасарај побарала 15 милиони евра за да го продаде 33 годишниот Аргентинец, кој ги одработува последните шест месеци.

Шампионот на Турција се плашел дека Мауро Икарди може да ги постигне клучните голови во баражот против Јувентус во Лигата на шампиони, па не сакал за ситни пари да биде подготвен на ваков срам.

Јувентус немал намера под ваков услови да го реализира трансферот, па зделката пропаднала.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×