Само што го облече дресот на Жирона како позајмен фудбалер од Барселона, германскиот чувар на мрежата би можел многу брзо да се врати таму од каде што дојде.
Каталонските медиуми информираат дека Марк-Андре тер Штеген заработил нова мускулна повреда, поради која ќе мора да паузира од два до три месеци. Повредите одамна се сериозен проблем за искусниот голман, а последниот подолг прекин во Барселона го држеше надвор од терените речиси четири месеци.
Станува збор за мускулна повреда, што дополнително ги потврдува проценките на медицинскиот тим на Барселона, кој во своите извештаи нагласил дека Тер Штеген тешко ќе успее целосно да ја врати поранешната физичка подготвеност.
Токму поради тоа, новиот тренер Ханси Флик брзо донесе одлука да го тргне од прв план, најпрво како резервна, а потоа и како трета опција меѓу стативите. Ваквиот статус беше главната причина поради која Германецот замина на позајмица во Жирона.
Но, ситуацијата повторно се комплицира. Не се исклучува можноста Жирона предвреме да ја раскине позајмицата, бидејќи паузата не е кратка, а клубот веќе разгледува опции за ангажман на нов голман. Дополнителен проблем е фактот што Доминик Ливаковиќ пред два дена се пресели во Динамо, па Жирона ќе мора да реагира.