Ливерпул на полноќ заврши голем трансфер!

by 24 фудбал
1 минути читање

Ливерпул го договори трансферот на еден од најталентираните стопери во светот, Жереми Жаке, кој ќе се пресели на „Енфилд“ во јуни 2026 година.

Англискиот гигант постигнал целосен договор со Рен за откуп на дефанзивецот, а трансферот ќе изнесува 60 милиони евра, со дополнителни 10 милиони преку бонуси. Двете страни ја финализирале зделката, а играчот веќе ги прифатил личните услови и се согласил да стане дел од Ливерпул.

Жаке важи за еден од најперспективните централни бекови на европската сцена и Ливерпул го гледа како долгорочно решение во одбраната. Клубот од „Енфилд“ на овој начин ја обезбедува иднината на дефанзивната линија, со трансфер кој ќе се реализира во летото 2026 година.

Се очекува Французинот до тогаш да продолжи со развојот во Рен, а потоа да му се приклучи на новиот клуб како значајно засилување за идните сезони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×