Реал преку драма до победа – Мбапе погоди од пенал во 99. минута (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во рамките на 22. коло од Ла Лига, Реал Мадрид на свој терен го совлада Рајо Ваљекано со 2-1, на натпревар обележан со бројни прекини, картони и драматична завршница.

„Кралскиот клуб“ поведе уште во 15. минута, кога Винисиус Жуниор по брилијантен соло-продор ја смести топката во самите агли од голот на Рајо. Домашните имаа уште неколку шанси во првото полувреме, но резултатот не се менуваше.

Рајо до израмнување стигна на почетокот од вториот дел. Во 49. минута Алваро Гарсија асистираше, а Хорхе де Фрутос со прецизен удар погоди за 1-1 и ја врати неизвесноста во натпреварот.

Како што се приближуваше крајот, тензиите растеа. Рајо остана со играч помалку по исклучувањето на Пате Сис во 80. минута, а во самата завршница следуваше вистинска драма. Во деветтата минута од судиското продолжение беше досуден пенал за Реал Мадрид, кој Килијан Мбапе сигурно го реализираше за конечни 2-1.

До крајот на средбата гостите добија уште еден црвен картон, а натпреварот заврши дури во 105. минута.

Со оваа победа Реал Мадрид го задржа чекорот со водечката Барселона, од која заостанува само еден бод, а во следното коло ќе гостува кај Валенсија.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×