264
На Реал Мадрид сезонава не му оди најдобро, а тоа носи и големо незадоволство помеѓу навивачите.
Дека се лути на тоа што се случува со клубот навивачите на Реал покажаа и пред денешниот натпревар против Рајо Ваљекано. Имено, кога фудбалерите се појавија на теренот од трибините се слушнаа силни свирежи.
Реал во овој момент заостанува четири бода зад Барселона која има натпреевар повеќе, но „кралевите“ беа поразени од Бенфика во Лигата на шампионите и сега ќе мораат да играат плеј-оф за осминафинале со истиот противник. Исто така беа и елиминирани од второлигашот Албасете во Копа дел Реј.