Јувентус го потврди ангажманот на Жереми Бога кој пристигнува од Ница и ќе го засили средниот ред на „старата дама“.
Бога веќе има искуство во Серија А бидејќи во минатото го носеше дресот на Сасуоло и Аталанта, а сега во Јувентус пристигнува на позајмица со опција за откуп. Ако ги исполни очекувањата, Јувентус на лето ќе плати пет милиони евра.
Но, Јувентус е во потрага и по напаѓач, обидите со Ел Несири, Ајван Тони и Матета пропаднаа, а исто така и Дуран веројатно ќе заврши во Лил. Сега се појави нова опција – Алваро Мората!
Шпанскиот напаѓач сезонава како позајмен фудбалер од Милан го носи дресот на Комо, меѓутоа на 13 натпревари нема постигнато гол сезонава. За него тоа би бил трет мандат во Јувентус, претхоно во Торино беше од 2014 до 2016 и од 2020 до 2022 година.