48
Младиот фудбалер на црногорскиот клуб Зета, Немања Улиќевиќ, трагично го загуби животот на само 18-годишна возраст, информираше клубот кој настапува во Третата лига на Црна Гора.
Улиќевиќ првите фудбаалски чекори ги направи во Трешњица и важеше за еден од најталентираните млади фудбалери во својата генерација.
„Со длабока тага ја известуваме јавноста дека почина нашиот фудбалер Немања Улиќевиќ“, соопшти Зета преку официјалните канали на социјалните мрежи.
Причините за прераната смрт на младиот фудбалер засега не се познати.