50
Македонскиот фудбалер Бобан Николов повеќе не е член на романскиот Фарул, откако двете страни решија да ја прекинат меѓусебната соработка, што ја отвора вратата за негово враќање во редовите на Вардар.
Романскиот клуб преку своите официјални канали потврди дека договорот со Николов е раскинат, а според најавите, фудбалерот наскоро треба официјално да биде претставен како ново засилување на „црвено-црните“.
Николов веќе има значаен период минат во Вардар, каде настапуваше од 2015 до 2018 година, а во текот на кариерата играше и за Шериф Тираспол, ФЦСБ, Кишварда, Борац Бања Лука, како и за други клубови.