Работнички го засили тимот со фудбалер од Того

by 24 фудбал
1 минути читање

Работнички донесе ново име во својот ростер и го засили средниот ред со ангажманот на Чарлс Аколатсе. Триесетгодишниот фудбалер е најновото зимско засилување на скопскиот клуб, кој продолжува активно да се надградува пред продолжението на сезоната.

Аколатсе настапува како играч за врска, роден е во Париз, а покрај француско поседува и државјанство на Того, земјата од која потекнува неговото семејство. Во досегашната кариера играше за неколку клубови во Франција, Романија и Литванија.

Интересен детаљ е што во 2019 година неговото име кратко време се поврзуваше со Силекс, каде формално беше регистриран како играч, но без да забележи официјален настап за тимот од Кратово.

Работнички со Аколатсе договори едногодишна соработка, со цел да ја зголеми конкуренцијата и да добие дополнителни опции во средниот ред за вториот дел од шампионатот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×