Ал Итихад го понижил Бензема: Од 100 милиони евра плата, му понудиле да игра за кикирики

by bojan
1 минути читање

Карим Бензема одби да игра за Ал Итихад, напаѓачот се решил на еден ваков чекор зошто смета дека е понижен со новиот договор кој му бил понуден, и практично треба да игра за беспари.

Карим Бензема беше една од фудбалските ѕвезди кои решија да ја замена Европа со Саудиска Арабија, за својата авантура во Ал Итихад, напаѓачот добива околу 100 милиони евра годишно.

Но Французинот сега смета дека бил понижен, па одби да игра на денешниот натпревар против Ал Фатех и размислува за враќање на стариот континент.

Се шпекулира дека причина за ваквиот потег е предлогот кој го добил за продолжување на соработката.

Ал Итихад му ветувал на Карим Бензема иста плата како и сегашната, можеби и за нијанса повисока, но кога на крајот му ги доставиле документите, испаднало дека тој треба да игра за кикирики.

Во моменти не се откриваат конкретни бројки, одредени извори пишуваат за значително пониска сума од сегашната, додека пак други зборуваат за фиксна плата од 0 евра, со тоа што „Златната топка“ од 2022 ќе инкасира 100% од имиџ правата.

ФОТО: X/Al-Ittihad Club

Можно е и ова да ти се допаѓа

×