Освојувачот на ФА Купот за 57 милиони евра купува напаѓач кој даде само еден гол!

by 24 фудбал
1 минути читање

Кристал Палас се наоѓа во сериозна криза по историската минатогодишна сезона во која освои ФА Куп и избори европски настап. Клубот остана без капитенот Марк Гуехи, а тренерот Оливер Гласнер веќе најави заминување по крајот на сезоната.

Лондонскиот тим нема победа од 11 декември и е во серија од 11 натпревари без триумф, што го тера раководството итно да реагира.

Според англиските медиуми, Палас го договори трансферот за Јорген Станд Ларсен од Вулверхемптон. За неговите услуги Кристал Палас ќе плати 45 милиони фунти, плус уште пет низ бонуси, а тоа се околу 57 милиони евра.

Сепак, потегот предизвикува поделени коментари кај навивачите, бидејќи напаѓачот има само еден гол на 21 настап сезонава во Премиер лигата. Во претходната сезона тој се истакна во минатата сезона во која даде 14 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×