Се враќа таму каде што блесна: Доминик Ливаковиќ пак во Динамо!

by 24 фудбал
1 минути читање

Доминик Ливаковиќ повторно ќе застане меѓу стативите на Динамо Загреб, откако се договорени сите услови за негово враќање до крајот на сезоната.

Хрватскиот репрезентативен голман ја завршува неуспешната епизода на позајмица во Жирона и се враќа во клубот каде што ги имаше најдобрите години во кариерата.

Ливаковиќ денеска треба да ги мине лекарските прегледи, по што ќе следи и официјален потпис на договорот со „модрите“. Динамо за оваа позајмица ќе му исплати на Фенербахче 300.000 евра до крајот на актуелната сезона.

Искусниот чувар на мрежата го носеше дресот на Динамо во периодот од 2016 до 2023 година и важеше за еден од клучните играчи во најуспешните европски настапи на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×