Реал Мадрид вечерва доживеа вистински шок и со поразот од Бенфика од 4-2 заврши во плеј-офот за осминафиналето од Лигата на шампионите, додека Бенфика поради голот во последните секунди и тоа на голманот Трубин исто така дојде исто така до место во баражот.
„Кралевите“ први го отворија резултатот и тоа со голот на Килијан Мбапе по половина час игра со кој Французинот го сруши рекордот на голови на Кристијано Роналдо во првиот дел од сезоната. Португалецот во сезоната 2015/2016 во овој дел постигна 11 гола, додека сезонава Французинот постигна два повеќе.
Но, во продолжение работите не се одвиваа како што посакуваа „кралевите“. Прво Шелдеруп израмни во 36. минута за потоа во последните моменти од првиот дел Павалидис од пенал да донесе целосен пресврт за домаќините.
На самиот старт од втоиот деел Шелдеруп постигна и втор гол за 3-1. Реал Мадрид се обиде да се врати, Мбапе намали на 3-2 и тој резултат беше актуелен се до финишот. Кога голманот Трубин по еден прекин погоди за голема радост на домаќините.
Во самиот финиш Реал Мадрид остана и со два играчи помалку, исклучени беа Асенсио и Родриго.
Победата на Бенфика сигурно привлекува големо внимание и поради тоа што на клупата на портуалскиот клуб седи Жозе Мурињо.