Астон Вила ќе мора подолг период да настапува без Јури Тилеманс, откако белгискиот фудбалер заработи повреда на скочниот зглоб и според проценките ќе биде надвор од терените најмалку до април.
Отсуството на Тилеманс дополнително ја усложнува ситуацијата за Унаи Емери, кој веќе се соочува со сериозни кадровски проблеми во средниот ред. Бубакар Камара одамна ја заврши сезоната поради тешка повреда на коленото, додека Џон МекГин исто така не е во конкуренција поради здравствени причини.
Со оглед на ваквата состојба, клубот е приморан да бара итни решенија, а како едно од најизгледните се споменува евентуалното враќање на Даглас Луиз, меѓутоа тој е позајмен играч на Јувентус во Нотингем Форест.
Астон Вила останува активна во повеќе натпреварувања, па засилувањето на ростерот во наредниот период би можело да има клучна улога во одржувањето на конкурентноста на сите фронтови.