Тренерот на Челси со јасен демант: Првата ѕвезда не мрда од „Стемфорд Бриџ“!

by 24 фудбал
1 минути читање

Турбуленциите на „Стемфорд Бриџ“ по неочекуваното заминување на Енцо Мареска отворија простор за бројни шпекулации, а најгласните беа оние кои го поврзуваа Кол Палмер со можен трансфер во Манчестер Јунајтед.

Сепак, новиот менаџер на Челси, Лиам Росениор, јавно стави крај на гласините и нагласи дека англискиот репрезентативец нема намера да ја напушти лондонската средина. На прес-конференција, Росениор истакна дека Палмер е задоволен од својата улога во тимот и целосно фокусиран на обврските со „сините“.

Немам потреба да ве уверувам. Тие невистини дојдоа од никаде. Нема ништо за тоа. Немаме потреба да говориме на таа тема. Тоа е мојот став. Кол е многу среќен. Имав многу разговори со него. Нашите мисли сега се како да бидеме подобро, како да се поправиме и како да му помогнеме. Тој ужива тука и сака да биде фудбалер на Челси. Не можеме да ги запреме гласините, но шпекулациите се далеку од вистината. Нема поента да дискутираме на таа тема“, изјави Росениор.

Со оваа порака, Челси јасно стави до знаење дека Палмер останува важен дел од проектот и еден од фудбалерите околу кои ќе се гради иднината на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×