На Пакета му се исполни желбата, договорен историски трансфер

by bojan
1 минути читање
Пакета од Вест Хем ќе добие ослободителна пресуда

Голем број на извори објавија дека Вест Хем и Фламенго си подале рака за трансфер на Лукас Пакета, фудбалерот повторно ќе го облече „црвено-црниот“ дрес на клубот од Рио во историски трансфер за бразилски услови.

Му се исполни желбата на Лукас Пакета, офанзивниот фудбалер од средниот ред се враќа во Фламенго.

Попладнево пристигнаа информации дека паднал договор за трансфер на Бразилецот во Рио.

Вест Хем одби два предлога, но очигледно немаше логика да задржи играч кој одбива да игра, па си подаде рака со Фламенго за зделка вредна околу 42 милиони евра.

Со ваква сума, Лукас Пакета ќе стане најскапиот трансфер во историјата на Фламенго, и најскап трансфер во Бразил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×