Вечерва со почеток од 21 часот се игра последното коло од Лигата на шампионите по кое ќе биде познато кои екипи директно ќе одат во осминафиналето, кои ќе играат во плејофот за да дојдат до него, и кои ќе испаднат.
Само Арсенал и Баерн Минхен имаа обезбедено сигурно учество во осминафиналето, останатите ќе водат борба за позиција погоре.
Од третиот Реал Мадрид, па до 16. Борусија Дортмунд, сите екипи имаат шанса да се пласираат меѓу осумте најдобри и да обезбедат директно осминафинале.
Екипи кои немаат никаква надеж и веќе се знае дека се испаднати се Ајнтрахт, Славија Прага, Виљареал и Каират Алмати. Сите останати имаат некакви математики, за некои се само теоретски, а за други реални.
Паровите за вечерашното последно коло:
Ајакс – Олимпијакос
Арсенал – Каират Алмати
Атлетик Билбао – Спортинг Лисабон
Атлетико Мадрид – Бодо/Глимт
Барселона – ФК Копенхаген
Баер Леверкузен – Виљареал
Бенфика – Реал Мадрид
Борусија Дортмунд – Интер
Клуб Бриж – Марсеј
Ајнтрахт – Тотнем
Ливерпул – Карабах
Манчестер Сити – Галатасарај
Монако – Јувентус
Наполи – Челси
Пафос – Славија Прага
ПСЖ – Њукасл
ПСВ – Баерн
Ројал Унион – Аталанта