Вечерва на Стад де Луж во Лисабон, Бенфика го пречекува Реал Мадрид, Жозе Мурињо ќе се сретне со својот поранешен клуб во последното коло од Лигата на шампионите.
Бенфика има само теоретски шанси за да продолжи во следната фаза од Лигата на шампионите, но потребно е да го победи Реал Мадрид и други резултати да ѝ одат во прилог.
На прес-конференцијата пред мечот Мурињо кажа големи зборови за Арбелоа на кој му беше тренер во Реал.
„Алваро Арбелоа ми е син. Еден од моите најдобри луѓе кои сум ги тренирал. Не само како фудбалер, туку и како човек. Му посакувам се најдобро со Реал Мадрид“, вели Мурињо.
„Ако немаме баланс на мечот, Реал Мадрид ќе ни даде три гола во три напади. Тие играат на многу високо ниво и дефинитивно ќе не казнат“.
„Јас сум фан на Алваро Арбелоа и фан на Реал Мадрид. Ги сакам нив. Секогаш им посакувам најдобро. Но сега се надевам дека ќе имаат лош резултат“.