Каталонскиот гигант Барселона мисли и на својата иднината, а со последниот потег на раководството го ангажираше младиот лев бек Патрисио Пасифико, кој пристигнува од уругвајскиот Дефенсор.
Фудбалерот ќе се пресели во редовите на каталонскиот гигант како позајмен играч, при што клубот ќе има можност да откупи 80 проценти од неговиот договор за сума од три милиони евра.
Според договореното, вкупниот износ може да достигне до 3,8 милиони евра доколку се активираат предвидените бонуси, односно ако Пасифико настапи најмалку 30 минути на десет натпревари во наредните пет месеци.
Иако првично ќе биде регистриран за вториот тим на Барселона, во клубот го гледаат како долгорочно решение и потенцијално засилување за најсилниот состав.