Ова би било потрес на Островот: Палмер може да заврши во еден од најголемите ривали на Челси!

by Стефан
1 минути читање

Англискиот репрезентативец Кол Палмер сериозно размислувал за заминување од Челси и преселба во Манчестер јунајтед, пренесуваат британските медиуми.

Информацијата ја објави и реномираниот новинар Фабрицио Романо, што дополнително ја разбранува фудбалската јавност на Островот, со оглед на тоа што Палмер важи за најголема ѕвезда на Челси, а евентуалниот трансфер би значел шокантен потпис за еден од најголемите ривали на лондонскиот клуб.

Иако има договор со „сините“ до 2033 година, во англиските медиуми се наведува дека 21-годишниот офанзивец чувствува носталгија по родниот Витеншо, предградие на Манчестер, каде често престојува поради семејството и блиските пријатели.

Палмер сезонава беше стандарден член на стартниот состав на Челси, настапувајќи од првата минута на 11 натпревари, иако одреден период се соочуваше и со проблеми со повреди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×