Поранешниот капитен се враќа во Наполи и ќе му биде конкуренција на Елмас?

by 24 фудбал
1 минути читање

Лоренцо Инсиње би можел сензационално да се врати во Наполи, објавуваат медиумите во Италија, повикувајќи се на информациите на „Радио Кис Кис“.

Актуелниот шампион на Серија А сериозно ја разгледува можноста за договор со поранешната клупска икона, во период кога тимот се соочува со бројни проблеми поради повреди. Антонио Конте бара брзи и проверени решенија за да ја стабилизира екипата во продолжението од сезоната, а враќањето на Инсиње се наметнува како реална опција.

Доколку трансферот се реализира, Инсиње ќе влезе во конкуренцијата на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, кој игра важна улога во ротацијата на напаѓачката линија на Наполи.

Инсиње го напушти клубот пред неколку сезони, но неговото име и понатаму има силна тежина меѓу навивачите, па евентуалното враќање би било дочекано како големо засилување и емоционален момент за „Диего Армандо Марадона“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×