„Торцида“ и „Делии“ се тепаа во БиХ, полицијата уапси 93 хулигани!

by 24 фудбал
0 минути читање

Сериозен инцидент меѓу навивачи се случи во близина на аеродромот во Тузла, каде што приврзаници на Црвена Звезда беа нападнати по враќањето од натпреварот од Лига Европа во Малме.

Според полицијата, станувало збор за судир меѓу „Делиите“ и „Торцида“, при што биле приведени 93 лица, а 23 навивачи се здобиле со повреди.

Нападот се случил околу 500 метри од аеродромот, додека навивачите се упатувале кон паркингот.

Од МВР на Тузла потврдија дека ниту еден од учесниците не е од тој регион и дека истрагата за инцидентот е во тек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×