ФИФА импресионирана од напредокот на Македонија

by
1 минути читање

Македонија во 2017 година одигра девет натпревари и доживеа само еден пораз, од Шпанија со 2-1, остваривме пет победи и три нерешени меча. Лани во март бевме на најлошото за нас 166. место, а сега сме речиси 100 позиции понапред. ФИФА го одбележува напредокот на Македонија.

Тие го истакнуваат ремито во Торино против Италија и велат дека ние сме едни од главните виновници што Азурите не се на Светското првенство во Русија, ја потенцира и одличната игра во Скопје каде Италијанците во финишот направија пресврт и си заминаа со победа од 3-2.

Македонија е специјалист за изненадувачки резултатот против големите репрезентации, против Англија одигравме 2-2 во Саутемптон и 0-0 во Манчестер, со Холандија 2-2 во Скопје и 0-0 во Амстердам. Но како што знаеме да ги изненадиме големите, така знаеме да кикснеме и против малите, затоа и по 25 години македонска репрезентација не сме биле на големо натпреварување.

„Верувам во квалитетот на нашите фудбалери, бидејќи тие веќе покажаа дека можат да се натпреваруваат рамноправно со најдобрите екипи во светот“, вели селекторот Ангеловски.

Во текстот ФИФА ги вади важните факти за македонската репрезентација и го потенцира успехот на селекцијата до 21 година која направи историски успех пласирајќи се на Европското првенство во Полска. Нашите надежи тогаш во квалификациите беа пред Франција која во составот имаше ѕвезди како Корентин Толисио, Ајмерик Лапорт, Адриен Рабио, Осман Дебеле и Томас Лемар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани