„Ето не сакаше да јаде во Камерун, се плашеше да не го отрујат“

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Барселона, Жан Мари Донгу, изнесе необични детали поврзани со Самуел Ето и атмосферата во репрезентацијата на Камерун во периодот кога двајцата биле дел од националниот тим.

Донгу и легендарниот напаѓач кратко време настапуваа заедно за Камерун, а поранешниот напаѓач тврди дека Ето имал голема недоверба кон своите соиграчи. Според неговите зборови, тоа довело до целосна изолација на Ето за време на репрезентативните собири и подготовки.

Самуел Ето не јадеше со нас за време на подготовките и собирите на камерунската репрезентација бидејќи се плашеше дека ќе го отрујат. Неговиот брат му носеше храна“, откри Донгу.

Жан Мари Донгу дебитираше за првиот тим на Барселона во 2013 година, кога имаше само 18 години, но остана на еден единствен настап во дресот на каталонскиот гигант. Во продолжение на кариерата настапуваше за голем број клубови во Шпанија, Финска, Кипар и Јапонија, пред на само 28 години да одлучи да стави крај на професионалната фудбалска кариера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×