Един Џеко и официјално е нов член на германскиот Шалке, откако успешно ги помина лекарските прегледи и потпиша договор со популарните „Рудари“ од Гелзенкирхен. Џеко доаѓа во Шалке како слободен играч, по напуштањето на Фиорентина без обештетување. Италијанскиот клуб не му создаде проблеми и не побара компензација, иако Џеко имаше важечки договор, бидејќи двете страни се договорија за спогодбен раскин на соработката.
Напаѓачот доцна синоќа пристигна во Германија, а уште рано наутро беше забележан како влегува во „Медикос“, медицинскиот центар на Шалке, за да ги помине лекарските прегледи. Прегледите поминаа без проблеми, по што Џеко ја потпиша соработката со клубот кој во овој момент успешно го води босанскиот стратег Мирон Муслиќ и е на добар пат да го врати Шалке во елитниот ранг на германскиот фудбал.
Шалке го претстави Џеко на интересен и забавен начин, со видео на босански јазик. Во еден момент Муслиќ го прекинува телефонскиот повик на Катиќ со Џеко и им порачува дека сега имаат повеќе време.