Матета си го кажал своето: Сака да си замине!

by Стефан
1 минути читање

Французиннот Жан-Филип Матета ја информирал управата на Кристал палас дека сака да го напушти клубот, поради интересот што за него покажуваат повеќе премиерлигашки и европски тимови, пренесуваат британските медиуми.

Французинот има уште 18 месеци од договорот со Палас и како што стојат работите, продолжување на соработката не е во план. Италијанскиот гигант Јувентус овој месец се обиде да го ангажира напаѓачот, но досега не успеа да ги исполни финансиските барања на клубот, кои се проценуваат на околу 40 милиони фунти.

Интерес покажала и Астон вила, која Матета го следи подолго време и размислува за трансфер во овој преоден рок.

Тренерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, минатата недела призна дека клубот ја разгледува можноста за продажба на Французинот.

„Постои цена што Кристал Палас е подготвен да ја прифати, со оглед на тоа што му останаа 18 месеци од договорот. Ако Матета тоа го сака и ако некој ја плати таа цена, трансферот ќе се реализира. Ако не, тој останува“, изјави австрискиот стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×