„Делиите“ направија хаос во градот кој е полн и со хрватски навивачи (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Голем број навивачи на Црвена звезда вчера пристигнаа во Малме, каде што белградскиот клуб денеска ќе го одигра натпреварот од Лига Европа. Во јавноста се појави и снимка на кој може да се види како „делиите“ удираат еден човек кој лежи на земја.

Набрзо на местото на инцидентот пристигнала полицијата, по што напаѓачите се разбегале. Засега не е познато со кого точно се судриле навивачите на Црвена звезда.

Дополнителна компликација за безбедносните служби е фактот што во Малме, покрај навивачите на Звезда и домашниот клуб, престојуваат и бројни навивачи на хрватската ракометна репрезентација, која вчера во истиот град го одигра натпреварот против Шведска на Европското првенство.

Совпаѓањето на натпреварот на Црвена звезда против Малме и средбите од втората фаза на ЕП во ракомет, на кои настапува Хрватска, претставува сериозен безбедносен предизвик за домаќините.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×