Луис Енрике: Ова е неправедно и срамно, фудбалот е ѓубре, ср*ње од спорт!

by 24 фудбал
1 минути читање

Актуелниот европски првак доживеа шокантен пораз во натпреварот од седмото коло во Лигата на шампионите против Спортинг. Клубот од Лисабон го постигна победничкиот гол во самата завршница од средбата, а ваквиот исход тешко му падна на тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.

Шпанскиот стратег по натпреварот беше видно разочаран и уште на почетокот од прес конференцијата јасно стави до знаење како го доживеал поразот.

Мојата екипа ја заслужи победата бидејќи го одигравме најдобриот натпревар оваа сезона на гостински терен, но загубивме. Ова е неправедно и срамно, бидејќи во текот на целиот натпревар на теренот видов само една екипа. Бевме супериорни во однос на противникот. Тие се добра екипа и знаат да се бранат, но ние сме далеку подобри. Многу сум разочаран и во овој момент не можам да зборувам за натпреварот бидејќи фудбалот е ѓубре. Загубивме затоа што фудбалот е срање од спорт. Постојат неверојатни ноќи кога си тренер, но фудбалот знае да биде многу неправеден“, изјави Енрике.

По седум одиграни кола, ПСЖ се наоѓа на 5 место на табелата и сѐ уште има добри шанси за директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×