Бејл објасни зошто Чаби Алонсо не успеа на „Бернабеу“: Во Реал не треба да бидеш одличен тренер, треба да бидеш…

by bojan
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Герет Бејл вели дека Чаби Алонсо е одличен тренер и тактичар, но тие вештини не се пресудни за успех на кормилото на „кралевите“.

Чаби Алонсо испиша историја на клупата на Баер Леверкузен, без пораз стигна до титулата во Бундеслигата и Купот на Германија, па речиси сите му предвидуваа богата и блескава кариера.

Затоа и веднаш доби шанса од Реал Мадрид да го наследи Карло Анчелоти, но тој не се снајде на „Бернабеу“ и дби отказ по само седум месеци.

Герет Бејл сега го коментираше ваквиот расплет на настаните и посочи зошто младиот стратег не се снајде во Реал Мадрид.

„Чаби Алонсо е извонреден тренер. Погледнете само што направи во Баер Леверкузен, како го предводеше тимот, како освои трофеи“ – вели Герет Бејл.

„Но кога ќе седнете на клупата на Реал Мадрид, не треба да бидете тренер, треба да бидете менаџер. Треба да ги менаџирате егата во соблекувалната“.

„Не ви се потребни тактики, потребно е да ги менаџирате егата“.

„Во соблекувалната, имате огромни ѕвезди кои можат да го сменат текот на натпреварот во секунда, со еден потег“.

„Да, Чаби Алонсо е одличен тренер и тактичар, но очигледно тоа не поминува во Реал Мадрид“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×