Кристијано Роналдо го доби судскиот спор за пари со Јувентус!

by 24 фудбал
1 минути читање

Кристијано Роналдо излезе како победник од судскиот спор со Јувентус и дефинитивно ќе ги задржи 9,8 милиони евра кои ги доби од поранешниот клуб по основ на заостанати примања.

Спорот датира од периодот на пандемијата, кога Португалецот тврдеше дека Јувентус не му исплатил целосни плати, иако во летото 2021 година се пресели во Манчестер јунајтед. Во 2023 година Роналдо покрена арбитражна постапка со барање од 19,6 милиони евра.

Арбитражниот совет во април 2024 донесе одлука Јувентус да му исплати половина од сумата, односно 9,8 милиони евра. Италијанскиот клуб се обиде да ја оспори пресудата и поднесе жалба до судот во Торино, но таа беше одбиена.

Со тоа, одлуката станува конечна, а Јувентус покрај исплатената сума ќе мора да ги подмири и судските трошоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×