Трето српско засилување за Пелистер – пристигна напаѓач во Битола!

by Стефан
0 минути читање

Екипата на Пелистер интензивно се подготвува за пролетната битка за опстанок, а од клубот денеска го потврдија и петтото засилување во тековниот преоден рок.

Нов член на битолскиот тим е Филип Петровиќ, напаѓач кој доаѓа од српскиот Раднички Пирот. Дваесет и петгодишниот фудбалер така за првпат во кариерата ќе настапува надвор од српскиот фудбал.

Петровиќ претходно настапуваше за Свилијанц, Мешево, Кусијево и Крагуевац, клубот во кој ги направи и првите професионални чекори.

Пелистер пред него се засили со уште двајца фудбалери од Србија, Милан Србијанц и Лука Милојевиќ, македонскиот дефанзивец Кире Ристевски и поранешниот младински репрезентативец, Томче Гроздановски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×