Мане е голем човек: Ако треба да изгубиме, ќе изгубиме како мажи!

by bojan
1 минути читање

Садио Мане објасни зошто не сакал да го напушти теренот и ги убедувал соиграчите да се вратат, вели дека целиот свет го гледал финалето и не бил потребен таков циркуз, исто така порача дека ако веќе губат, треба да изгубат како мажи.

Мароко и Сенегал синоќа се сретнаа во финалето на Африканскиот куп на Нации, натпреварот ќе остане запаметен поради низа скандали и контроверзни моменти.

Најголемиот се случи во последните секунди од реуларниот дел, кога Мароко доби сомнителен пенал, а фудбалерите на Сенегал решија да го напуштат теренот.

Садио Мане беше единствениот кој не сакаше ваков исход на финалето, и напаѓачот е еден од најзаслужните што мечот продолжи.

„Африканскиот фудбал не заслужи таков крај, бележиме добар прогрес и целиот свет не гледаше“ – рече фудбалерот на Ал Наср на средбата со новинарите во раните утрински часови.

„Затоа ги молев моите соиграчи да се вратат на теренот. Им кажав, „Победуваме како мажи, а ако треба да изгубиме, ќе изгубиме како мажи!“ Не посака и среќата и на крајот успеавме да победиме“

Тој потоа додаде: „Судијата може да погреши, и не треба да му судиме за тоа. Јас лично сметам дека немаше пенал. Можеби беше пенал, можеби не беше, но тоа не е најважната работа. Најважната работа е фудбалот, самиот натпревар и не беше фер да се стопира ваков меч“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×