Урнебес во Африка: Мароканци, Сенегалци и пешкирот на Менди! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Финалето на Африканскиот куп на нации меѓу Мароко и Сенегал понуди невидени сцени, а една од нив беше тепачката за пешкир на голманот на Сенегал, Едуар Менди.

Цела Африка синоќа требаше да молчи и гледа како репрезентацијата на Мароко го крева трофејот на континенталниот шампионат на кој беше домаќин, но на крајот правдата беше задоволена.

Она што се случуваше во финалето ги надмина сите граници иако и одлуката на Сенегалците да го напуштат теренот не беше достоен на едно финале, но барем може да се гледа низ призма дека успеаја да го деконцентрираат Брахим Дијаз при изведувањето на пеналот. Со какви методи се служеа Мароканците за да дојдат до титулата најдобро зборува однесувањето кон противничкиот голман Едуар Менди кој од синоќа им стана кошмар.

Кога не успеаја да го совладаат од белата точка, тие се обидоа да му го одземат пешкирот што го чуваше покрај голот, а кој му користеше да ги брише топките, намокрено од силниот дожд. Идејата на Мароканците беше топката да му се лизне и да заврши во мрежата или да отвори шанса за нивните фудбалери. По пешкирот тргнаа момчињата кои ги враќаа топките, па мораше да се жртвува резервниот голман Јехван Диуф.

Се вклучи дури и фудбалерот на ПСЖ, Ашраф Хакими кој уште еднаш го покажа својот лош карактер. Тој му го фрли пешкирот на Менди далеку зад рекламите, но и тука на помош притрча еден од сенегалските фудбалери. На крајот, пешкирот на Менди му го чуваше Диуф, а главниот судија се правеше слеп и не забележа што се случува во близина на теренот.

Сепак, победи правдата, а Мароко дури ни насилно не успеа да стигне до трофејот што го чека од 1976 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×