Барселона со 2-1 загуби на гостувањето кај Реал Сосиедад и сега има само еден бод повеќе од големиот ривал Реал Мадрид.
Јасно беше дека гостувањето кај Сосиедад ќе биде тешко за Барса, но Каталонците се надеваат дека сепак ќе ги освојат бодовите. Но, не беше така.
Тие се бесни и на судиите, им беа поништени вкупни три гола, а ВАР им поништи и пенал, кој најпрво беше досуден, па после одлуката беше променета.
Што се однесува до головите, Сосиедад поведе со погодок на Ојарзабал во 32. минута, тоа беше и резултатот од првото полувреме.
Во 70. минута Рашфорд го израмни резултатот на 1-1, но во следната акција Гуедеш го врати водството на Сосиедад, овојпат од 2-1.
На две минути пред истекот на регуларните 90, Солер доби црвен картон, па Сосиедад со 10 фудбалери го заврши мечот.
По 20 одиграни кола Барса има 49 бода, а Реал Мадрид 48.