591
Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски, синоќа го постигна својот прв хет-трик во дресот на Глазгов Ренџерс откако му даде три гола на Анан во меч од Купот на Шкотска.
По натпреварот Миовски го искажа задоволството.
„Не размислувам посебно на хет-трик, се трудам да работам и да помогнам на тимот, нормално е задоволство да се постигнат три гола“, истакна Миовски.
Но го пецна и Реал Мадрид потсетувајќи на елиминацијата на кралскиот клуб од Албасете.
„Ваквите натпревари знаат да бидат незгодни. Видовме што му се случи на Реал Мадрид и како испадна од Купот на Шпанија. Сакавме да бидеме офанзивни од самиот старт и да постигнеме брз гол, тогаш работите одат многу полесно“, изјави Миовски.