Епизодата на Ворен Чибембе кој како големо засилување пристигна во Вардар неславно заврши.
„Црвено-црните“ на почетокот на сезоната го најавија како огромно засилување, со оглед на тоа што зад себе има искуство и во француската Лига 1, но во македонскиот фудбал не успеа да се снајде и да ја врати формата по повредите.
„ФК Вардар АД ја информира јавноста дека соработката со фудбалерот Ворен Чимбембе е спогодбено завршена, по заеднички договор.
Во името на клубот, му благодариме за неговиот ангажман, професионалниот однос и придонесот додека го носеше дресот на ФК Вардар. На Чибембе му посакуваме многу здравје и успех во понатамошниот тек од неговата фудбалска кариера“, објави Вардар.
За Вардар, Чимбембе настапи само на седум натпревари и постигна само еден гол, во сите дуели влегуваше како резерва.