Шкендија го дозна противникот во баражот во Конференциска лига, „црвено-црните“ од Тетово против Самсунспор од Турција ќе бркаат пласман во осминафинале.
Шкендија има историска сезона во Европа која убаво ја наполни касата на клубот.
Па „црвено-црните“ од Тетово денеска беа првиот македонски претставник во Конференциска лига кој е дел од ждрепката за баражот.
Легендарниот Вилијам Галас ја спои Шкендија со Самсунспор, првиот натпревар се игра на 19. февруари, додека пак реваншот е седум дена подоцна.
Доколку Шкендија го добие двомечот со противникот од Турција, ќе се пласира во осминафинале, каде може да добие познат ривал во името на Рајо Ваљекано, или пак Шахтар од Украина.