407
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез на Алваро Арбелоа му вети дека ако се покаже ќе го остави на тренерската функција и наредната сезона, но по вчерашниот дебакл од Купот на Шпанија тој веднаш почнал да ги разгледува можностите за нов предводник.
Информациите на шпанските медиуми велат дека Јирген Клоп сериозно разгледува да му се врати на тренерскиот занает доколку Реал Мадрид сака да го ангажира.
А се верува дека токму Германецот е на врвот на листата на Флорентино Перез.
Постои голема шанса двајца Германци да ги водат најдобрите шпански клубови, па Ханси Флик за ривал да го добие својот сонародник Јирген Клоп.